Есенски сестрински средби во првата половина на месец Октомври
                                        Организацискиот одбор на медицински сестри и техничари при ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје организира  Есенски сестрински средби во првата половина на месец Октомври во Скопје под мотото:
“Сестринската професија – наука и уметност насочена кон 
 промовирање на квалитетен живот на индивидуите и семејствата”
 
   
 
 На Средбите ќе се оддржат предавања, работилници, панел дискусии и постер презентации. Ќе бидат презентирани теми на поканети предавачи, референтни во својата област.
  
 
  Целта на овие средби е да ја промовираме медицинската сестра како единствен профил на здравствени работници оспособени за здравствена нега, која е нераскинлив дел од тимот кој се грижи за здравјето на една популација, која со својата професија и практикување претставува главна алка во нераскинливиот синџир наречен ЗДРАВЈЕ.
 
На средбите можете да учествувате како гости, или можете да земете активно учество и да аплицирате на следниве теми:
      
      1. Предизвиците на современото сестринство;
      
      2. Нови методи во клиничката пракса;
    
        3  Сестринска документација – главен адут во промоција на сестринската професија;
    
       4. Развивање сестринска пракса преку критичко размислување и истражување;
      
      5. Мултисекторална и мултидисциплинарна соработка (градење на професионален идентитет и самостојност).
    
 
    Средбите ќе бидат сертифицирани.
  
  
     Датумот за пријава на темите и оддржување на средбите ќе биде дополнително утврден и сите дополнителни информации ќе бидат објавени на веб страната на  ЈЗУ УК по хируршки болести Св. Наум Охридски: www.gradskahirurgija.org.mk.
   
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР:
Гордана Милошевска, 
Наташа Каневче, 
Билјана Бошњакова, 
Гордана Стојановиќ, 
Маја Левковска
, Александра Закев, 
Ирена Јакова
, Билјана Илиевска, 
Ауљона Абдиу, 
Далиборка Душановска
, Невин Адем
, Милка Стојаноска
  ВАЖНО!!!
       
  Со цел за целосна евиденција на сите присутни, ќе Ви бидеме исклучително благодарни ако вашиот интерес за учество го потврдите на следната електронска пошта: d_dusanovska@hotmail.com
Лице за контакт: Далиборка Душановска
Email: d_dusanovska@hotmail.com
Пријава на трудови: sestrinskisredbi@gradskahirurgija.org.mk
 
И З В Е С Т У В А Њ Е- download pdf
