Центар за Изгореници (ЦЗИ) е отворен во 2000год. за третман на екстензивни и длабоки изгореница од целата република и регионот. До 2015год. лекувани се 1000 пациенти и тоа просечно 70 пациенти годишно. ЦЗИ е опремен со специјални воздушни кревети и е одделен со посебен влез.

Центарот дава услуги од секундарен и терцијарен вид, амбулантско поликлинички услуги, со еднодневна хирургија и со болнички дел.

Центарот за изгореници третира пациенти со екстензивни изгореници со различна длабочина, како и секвели од изгореници, третман на лузни, контрактури и др.