Анестезиолозите во УКХБ Св.Наум Охридски Скопје изведуваат исклучителна анестезиолошка грижа за пациенти од Град Скопје и како регионален центар на терциерно медицинско ниво за целата Република. Анестезиолозите пружаат грижа за преку 4000 пациенти секоја година. Над 5500 пациенти годишно се лекуваат во одделението за интензивно лекување и одделот за постоперативна нега.

Единаесет специјалисти по анестезиологија и интензивно лекување, 2 специјализанти по истата специјалност и 1 доктор по медицина се вработени во УКХБ Св.Наум Охридски Скопје. Како редовна пракса од страна на специјализанти по анестезиологија, ургентна медицина, семејна медицина и други сродни специјалности и бројни придружни дејности (медицински сестри-анестетичарки, сестри техничари во интензивно лекување и периоперативна нега, болничари) учествуваат во секојдневните активности на одделот.

Работата е организирана според потребите на одделот за следните дејности:
  • Пружање на анестезија за повеќе хируршки гранки: травматологија, неврохирургија, абдоминална хирургија, урологија, детска хирургија, пластична и реконструктивна хирургија
  • Предоперативна процена на пациентите
  • Постоперативен менаџмент на пациентите и периоперативна медицина
  • Периоперативен третман на болка
  • Интензивно лекување на критични пациенти
  • Интензивно лекување на пациенти со опсежни изгореници (Центар за изгореници) и периоперативен менаџмент на истите